Балкан
18. July 2020 - 14:36

116 нови случаи на корона вирус во Хрватска

Во Хрватска се регистрирани нови 116 случаи со Ковид-19, па вкупниот број заболени изнесува 1.204.

Меѓу нив 139 пациенти се на болничко лекување, од кои осуммина на респиратори. Во денешната статистика нема починати.

Од февруари во Хрватска се регистрирани 4.253 случаи со корона вирус, од кои 120 починаа, а 2.929 оздравеа. Во самоизолација има 4.507 лица, а вкупно се тестирани 102.189, од кои 1.338 во последните 24 часа.

Вчерашната статистика на Хрватска регистрираше имаше 98 новозаболени.