100 возачи од ЈСП заминуваат на работа во Германија, ќе работат за плата од 2.600 евра
Од 1 октомври 100 возачи од ЈСП „Скопје“ заминуваат на работа во Мајнц. До крајот на неделава возачите ќе заминат за Германија каде што им се ветени многу подобри услови за работа, како и плата петпати поголема од таа што ја земале во јавното претпријатие, пишува Плусинфо.
Стоте возачи на ЈСП „Скопје“ пред извесно време потпишале договори со германска компанија во еден скопски хотел.
– Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот, ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеца ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра – вели изворот.
Тој додава дека од страна на компанијата исто така ќе им биде бесплатно обезбеден код од Словенија со кој потоа ќе можат без проблем да возат и да бидат дел од јавниот превоз на Мајнц.
– Засега ќе патуваме сами, без нашите семејства, но имаме ветување доколку работиме во истата компанија 4 години, потоа ќе ни биде дозволено да ги повлечеме и нашите семејства. Ќе биде тешко без нив во овој период, но ова ние го правиме за подобра иднина на нашите фамилии – додава еден од возачите.
Од ЈСП „Скопје“ ги потврдија информациите дека голем број возачи заминуваат од претпријатието. ЈСП на 19.09.2023 година на нивната интернет страна објави оглас за вработување на нови возачи во претпријатието.
Ново на Сител
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните