Неделков: Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска ги повика членовите на синдикатот да не учествуваат на протест, без разлика кој го организира, освен на активности на кои СОНК е организатор.
Во изјавата за МИА тој појасни дека синдикатите си ја работат својата работа и нагласи дека секое мешање на политичките партии во образованието е очигледно и може да биде контрапродуктивно.
- Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект, се вели во објавата на Неделков на Фејсбук, која е споделена и на Фејсбук страната на СОНК.
Според СОНК, политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат.
- СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел. Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, се наведува во објавата на Фејсбук.
СДСМ денеска на прес-конференција најави дека преку Комисијата за образование утре ќе организира собир на наставници и просветни работници. Собирот под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе биде пред Министерството за образование и наука во Скопје, со почеток во 11:30 часот.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прес-конференција соопшти дека се врши злоупотреба на наставниците и апелираше просветните работници да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
