Звучен сигнал на семафори за лицата со оштетен вид во Кавадарци
Во Кавадарци започна да се реализира проектот за поставување уреди за звучни сигнали на семафорите, со кои се олеснува движењето на слепите лица.
Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов информираше дека звучни уреди веќе се поставени на една раскрсница во градот. Ќе се инсталираат звучни сигнали и на другите раскрсници.
- Ова беше барање на Здружението на слепи лица од Кавадарци и еве на радост на сите оние кои имаат вакви проблеми, нашиот традиционален соработник компанијата Електрософт, донираше звучни уреди за семафори. Ова е само почеток. Исти вакви донирани уреди, ќе има и на соседната раскрсница. Ќе ја разгледаме и можноста тоа да го реализираме на сите раскрсници во градот, со издвојување на определена сума финансиски средства од локалниот буџет, соопшти тој.
Нагласи дека локалната самоуправа и понатаму ќе се грижи за овие лица, во рамките на можностите.
Благодарност за звучниот сигнал на семафорите за лицата со оштетен вид, изрази Султана Јошева, претседател на Здружението на слепи лица од Кавадарци.
- За нас слепите лица ова е многу значајно. Тоа значи олеснување на нашиот секојдневен живот и подобро извршување на нашите вообичаени потреби, рече Јошева, нагласувајќи ја успешната соработка со општината и градоначалникот.
Таа информираше дека годинава заедно со локалната самоуправа реализираат проект за општокорисна работа, кој е многу значаен за слепите лица. Очекуваат соработката со општината да продолжи и понатаму.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o