Зимата доаѓа во Македонија: Следи снег и температури под нулата
Времето ќе биде облачно со локални врнежи, претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од државата, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање мала снежна покривка е можно некаде и во пониските делови на северот од земјава. Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.
Во Скопје слично време, со температура од нула до три степени.
Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само на крајниот запад. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.
Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува в среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток, кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.
Најстудено ќе биде в петок, кога утринската температура ќе се движи од минус осум до минус два степена, а дневната од два до десет степени.
Во Скопје слично време, а најниската температура се очекува во четврток кон петок ноќта кога живата во термометарот ќе падне до минус 7 степени.
Во Скопје првиот снег годинава може да се очекува уште вечерва но врнежите ќе бидат со многу слаб интензитет.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања