-->
-->
ЖРК Вардар и Мец единствени со максимални три победи во ЛШ
-->
По трите одиграни кола во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција, само македонскиот првак Вардар и францускиот тим Мец се екипите кои досега имаат максимални три победи.
Вардарки во рамките од Ц групата ги победија ФТЦ Будимпешта, Турингер и во саботата норвешкиот Ларвик, па со максимални 6 бода се лидери на табелата.
Тимот на Мец има ист „скор“ како и Вардар, но во Д конкуренцијата во која француската екипа беше подобра од Кристијанштад, Битингем и Будуќност од Подгорица.
Иако од третата рунда во елитното натпреварување останува да се одигра уште еден меч, Вистал Гдиња – Крим Меркатор, сепак овие две екипи неможат да го достигнат учинокот на Вардар и Мец.
Според досега прикажаното, но и постигнатите резултати, македонскиот и францускиот шампион, се тимовите кои се најсериозни претенденти за највисок пласман, а заедно со унгарски Ѓер и ЦСМ Букурешт, сигурно топ фаворити за место на завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Сепак. Сезоната е предолга, а тимовите ќе мора да ја потврдат фаворитската улога. Шанса за тоа ќе имаат веќе на 10 и 11 номври кога на програмата се дуелите од четвртото коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден