-->
-->
ЖРК Металург избори пласман во 3.коло на КПК
-->
Ракометарките на ЖРК Металург и во реваншот од 2.коло на Купот на победниците на куповите забележа победа во дуелот со холандската екипа Вестфриланд. Попладнево во Автокоманда Металург славеше со 33:26 со што избраничките на тренерот Александар Петровски ја потврдија победата од пред седум дена во Холандија (24:23).
Од самиот почеток на дуелот ЖРК Металург најави дека е подготвен за победа и предноста постојано ја зголемуваше од 9:2; 13:3 и 18:4.
Во вториот дел домашниот тим само ја задржа високата предност. Најефикасна во редовите на Металург беше Дајана Јовановска со 10 голови, а ја следеа Стојановска, Белевска и Саздова со по четири голови.
Во следното коло ЖРК Металург ќе игра против данската екипа Холстебро, која последниве неколку години двапати го освојуваше ЕХФ купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ