Жестока расправија во ООН - Гледај ме во очи, да не си се осудил да ја навредуваш Русија
Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ООН Владимир Сафронков побара од британскиот колега Метју Рајкрофт да не ја навредува Русија
„Вие се исплашивте, не можете да заспиете затоа што ќе соработуваме со САД. Се плашите од тоа. Сите се плашите. Правите сѐ за да ја растурите таа соработка... Погледни ме, не го тргај погледот, што го тргаш погледот?“, му се обрати Сафронков на Рајкрофт, пренесува „Взгљад“.
Сафронков ги нарече навредливи барањата кои претставникот на Велика Британија ги истакна кон гарантите на примирјето во Сирија. Притоа само Обединетото Кралство, според претставникот на Русија, „им служи на интересите на вооружените групи од кои многу ги масакрираат христијаните и другите малцинства на Блискиот Исток“.
„Ти денеска зборуваше, господин Рајкрофт, не според агендата на заседанието, ги навредуваше Сирија, Иран, Турција, други држави. Господине претседател, една молба да внимавате на редот на седницата, доколку некои неодговорно, навредливо, употребувајќи сленг, се однесуваат спрема своето место во Советот за безбедност на ООН. Немој да си се осудил да ја навредуваш Русија повеќе!“, изјави Сафронков.
Пред тоа британскиот постојан претставник изјави дека Русија го „злоупотребува“ правото на вето во Советот за безбедност на ООН, бранејќи ја владата на Сирија.
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места