Жената, која најчесто изневерува по занимање е...

Многу фактори влијаат врз тоа дали партнерот ќе не изневери - незадоволство, привлечност од друга личност, одмазда...Новото истражување покажа дека меѓу факторите, кои влијаат на неверството е и професијата на човекот.
„Illicit Encounters“, веб страница за состаноци од Велика Британија, наменета за луѓе во брак, проучила десет илјади профили на своите корисници.
Резултатите од истражувањето покажале дека 20 отсто од жените, кои имале профил на страната признале дека се осамени, а 27 отсто признале дека имаа силен сексуален нагон.
Дваесет отсто од нив како свое занимање навеле - домаќинка.
Кристијан Грант, од оваа компанија, додава дека женската желба за неверство, особено кај домаќинките, е одраз на чувството на запоставување и копнежот по нешто подлабоко и повозбудливо. Типичната жена, која се впушта во прељуба на тоа не е поттикната од ароганција, его или помама, туку од нејзината осаменост и незадоволството од бракот.
Домаќинките често се осамени во домовите, а кога мажот ќе дојде и натаму се чувствуваат запоставено.
Кога станува збор за мажите ситуацијата е спротивна. Високи, богати и интелигентни мажи се впуштаат во прељуба поради своето его, ароганција и помама.
Ново на Сител
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
