Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во Пентагон по повод 25-годишнината од терористичките напади во САД, изјави дека денеска му се одава почит на секој припадник на американската војска кој служел во војната против тероризмот, како и дека се одава почит на сите војници кои во моментов се ангажирани на тоа да обезбедат Иран, кој го нарече „најголем спонзор на тероризмот во светот“, никогаш да не се здобие со нуклеарно оружје.
Трамп рече дека денешниот ден е посветен и на сеќавањето на тоа „како Америка одговори на тоа зло“, осврнувајќи се на тероризмот, објави Скај њуз.
„Во тие тешки денови по нападот, го видовме вистинскиот дух на нашата нација. Тој ден, сите бевме њујорчани. Секој од нас. Сите бевме њујорчани, но во исто време бевме и Американци. Сите бевме едно семејство“, рече Трамп.
Тој рече дека Америка никогаш нема да ги заборави нападите од 11 септември и затоа сè уште се бори против тероризмот денес.
„Затоа се бориме денес. Немаме избор. Постои само победа. Се бориме жестоко. Се бориме за победа“, заклучи Трамп.
Со минута молк денеска во Њујорк започна комеморативната церемонија по повод 25-годишнината од терористичките напади извршени од Ал-Каеда, на 11 септември 2001 година, во кои загинаа околу 3.000 лица.
Сите поранешни американски претседатели и голем број други високи функционери присуствуваат на комеморацијата во Њујорк, додека Трамп се обрати на комеморацијата во Пентагон
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
