Жбогар: Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во историјата
Европската интеграција е најуспешниот мировен проект во историјата, за што ЕУ доби Нобелова награда за мир. Европската приказна е за демократија, солидарност и слободи, како и за еднаквост, просперитет и одржливост, за вредности кои треба да ги негуваме и да се бориме, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Жбогар тоа го изјави на отворањето на тематската прослава „60 години од потпишувањето на Римските Договори - Новите проблеми и предизвици за ЕУ“ во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, во организација на Центарот за податоци и информации на ЕУ и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.
- Младите луѓе и студентите се најдобра публика кога зборуваме за предизвиците и изборите пред ЕУ. Во време на предизвици потребно е ваш придонес за носење на исправни одлуки за ЕУ, да остане наш заеднички избор за иднината. Сакам да ги поттикнам младите луѓе и идни жители на ЕУ да одат понатаму од желбата за членство во ЕУ и да размислуваат за предизвиците со кои ЕУ се соочува и промените и изборите кои треба да ги направи. ЕУ членството не е крајна цел, туку алатка за подобра иднина, изјави Жбогар.
Посочи дека нема дилема меѓу стабилноста и демократијата, бидејќи само земјите со функционална и вибрантна демократија се и најстабилните.
Во рамки на прославата на Економскиот факултет при УКИМ беше отворена изложба „Ever closer Union“ на италијанската амбасада во Македонија и прогласени победниците на Конкурсот за најдобар есеј на тема „60 години од потпишувањето на Римските Договори“.
Раководителот на Центарот за податоци и информации на ЕУ Даниела Мамучевска, рече дека во текот на своето постоење ЕУи активно ги промовира европските идеи и вредности меѓу студентите и делува во насока на продлабочување на знаењето за функционирањето на европските институции и креирањето на политиките на ЕУ.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг