Македонија
26. March 2017 - 12:00

Згасна млад живот во несреќен случај: Ресенчанец си ја пресекол гранката на која стоел

Вчера околу 13.10 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во с.Долно Перово дошло до несреќен случај во кој Р.Т. (36) од Ресен починал. Р.Т. сечел на дрва, односно додека стоел на гранка и сечел друга гранка во еден момент гранката се скршила и го потиснала за стеблото, по што починал.
 
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Ресен. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.