„Зери“: Фамилијарноста главна специфика на новиот косовски Парламент
Главна специфика на новиот состав на косовското Собрание е тоа што партиските лидери се потрудија во највисокото законодавно тело на Косово, да сместат членови на своите семејства, тврди приштинскиот весник „Зери“.
Така, според весникот, место во Парламентот си обезбедија браќата Даут и Рамуш Харадинај, од кои вториот е најсериозен кандидат за нов косовски премиер, а во пратеничките столчиња ќе седат и лидерот на Алијансата за ново Косово (АКР), Беџат Бацоли и неговиот роднина Ислам Пацоли, првиот човек на движењето Самоопределување Бисар Имери и неговата внука Адеа Батуша, како и внуката на косовскиот претседател Хашим Тачи, Евѓени Тачи Драгуша.
Покрај членовите на семејствата на лидерите на водечките партии, места во Парламентот обезбедија и роднини на други актуелни и поранешни косовски функционери. Така, за пратеник е избран синот на градоначалникот на Србица, Самил Штаку, како и ќерката на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова, Теута.
Според последните најави, Централната изборна комисија се очекува во текот на денов да ги објави и конечните резултати од изборите одржани на 11 јуни, а конститутивната седница на новото косовско Собрание би требало да се одржи најдоцна до 10 јули.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување