Loading Video...
Фудбал
5. July 2021 - 18:23

Завршни подготовки на Силекс пред дуелот со молдавски Петрокуб

 
 
Во опуштена атмосфера и без никаков притисок, фудбалерите на Силекс ги одработуваат последните тренинзи пред дуелот со молдавскиот Петрокуб во рамки на Конференциската лига на УЕФА. 
 
Новиот шеф на стручниот штаб на Силекс, Горазд Михајлов, верува во своите фудбалери, укажувајќи дека ова е шанса за нивна промоција пред пошироката јавност.
 
-Секако дека Петрокуб е фаворит во овој двомеч, имајќи предвид дека е екипа која игра долго време заедно. Знаеме добро каква беше ситуацијата во Силекс, и каква е сега. Можам да кажам дека нашиот клуб е во реконструкција, но мислам со засилувањата и со играчите кои останаа верни на клубот, дека ќе бидеме конкуренти и ќе се претставиме во најдобро светло. Пред се, да го претставиме македонскиот фудбал, Силекс, Кратово и нашата држава – изјави Горазд Михајлов, шефот на стручниот штаб на Силекс.
 
Мечот со Петрокуб се игра во четврток на терените на ФФМ со почеток од 16 часот.