-->
-->
Заврши Супер лигата, следен е плеј офот
-->
Со натпреварите одиграни синоќа од 18.коло заврши првиот дел од ракометното првенство на Македонија - Супер лигата. Четирите првопласирани екипи продолжуваат во плеј офот, каде ќе им се приклучат и екипите на Вардар (актуелен шампион) и Металург, кои досега играа во СЕХА лигата.
Во дербито од последното коло од СЛ Пелистер минимално со 20:19 го победи Охрид како гостин. Радовиш беше убедлив против Прилеп 41:24, додека Металург 2 го совлада Борец со 30:26. Еурофарм го совлада Вардар Јуниор со 29:22, а слободна беше екипата на Пролет.
Конечна табела СЛ: Пелистер 42, Еурофарм Работник 40, Охрид 31, Пролет 31, Радовиш 26, Прилеп 13, Металург 2 и Порец 10, Вардар Јуниор 9.
Во плеј офот ќе играат: Вардар, Металург, Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Пролет.
Во плеј аутот ќе играат: Радовиш, Прилеп, Металург 2, Борец, Вардар Јуниор.
Извлекувањето на натпреварувачките броеви за Плеј офот ќе се одржи во вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ