Започна академската година на Технолошко-техничкиот факултет во Велес
Со свечен академски час на кој беше испеана академската химна „Гаудеамус игитур“, и на кој беа врачени индексите на новите студенти, денеска на Технолошко-техничкиот факултет во Велес започна новата академска 2017/2018. Деканот на факултетот проф. д-р Валентина Павлова им посака добредојде на студентите и им посака успешна година.
- Ви посакувам да стекнете многу знаења и да имате имате плодна соработка со нас професорите и на крај да ја стекнете посакуваната диплома. Ние имаме одговорност да ви пренесеме знаење и од вас да произведеме академски граѓани. Ваша цел е стекнатото знаење да го прикажете на работните места каде што ќе се вработите. Професорите имаат добиено најголем број поени за објавени трудови во земјава и странство, а вие не сте само да учите туку и да се дружите. Вие не сте погрешиле што се запишавте тука, бидејќи вашата струка е занает без оглед дали сте прехранбена струка или нутриционизам, а вашите дипломи се признати не само во земјава туку и во странство, рече деканот Павлова.
На факултетот во Велес и на дисперзираните студии во Битола на двете насоки: прехранбена технологија и биотехнологија и на втората за нутриционизам, годинава се запишаа триесет студенти. Факултетот има дисперзирани студии и во Кичево каде годинава се ставени во мирување. Во мирување е ставена и насоката за процесно инжинерство.
Како што информира Павлова, досега на факултетот кој постои од академската 2008-2009 година во две насоки завршиле над 200 студенти, 20-тина магистрирале, а за три години ги очекуваат и првите докторанти. Инаку во тек се уписите за запишување на докторски студии.
Инаку до крајот на неделава треба да започне и новата академска година на Фукултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, дисперзирани студии во Велес. Како што информираа од факултетот досега се запишале 35 студенти, а деновиве ќе има и четврти уписен рок.
Воедно Факултетот за туризам и угостителство од Охрид годинава во Велес е ставен во мирување.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава