Македонија
13. May 2024 - 16:34

Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата

Од 20 деца за преглед во една амбуланта во Клиниката “Козле” 18 биле со алергија. Цветањето на тревата и дрвјата периодов ги полнат и ординациите на матичните педијатри. Кај најголем дел од децата поленот предизвикал алергиски ринитис односно воспаление на слузницата на носот.

- Значи 90 проценти од патологијата што ја добивам и третирам се алергиски ринити. Значи носевите се со алергија. Имаме ОРЛ специјалисти и веднаш дијагностицираме исто така имаме и микробиолог, правиме испитувања за да исклучиме евентуално дали причината е вирус или бактериска инфекција. Институцијата е навистина врвна, изјави проф. д-р Татјана Јаќовска, педијатар во Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле и претседател на Педијатриското респираторно здружение.

Покрај проблеми со носот, професорката Јаќовска вели дека алергиите се манифестираат и црвенило и чешање на очите и кожата.

Освен поленот и загадениот воздух е една од главните причини за драстичниот пораст на деца со алергии. Исто така се зголемува и бројот на возрасни лица кои се соочуваат со оваа состојба.

Спореде некои епидемиолошки истражувања во моментот 25 проценти од светската популација, а проценките се дека до 2050 година секое второ дете во Европа ќе има алергија.