Загина малолетник со мотор во тешка сообраќајна несреќа во Козле | ФОТО
Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за синоќешната тешка сообраќајна несреќа во Скопје, во која животот го загуби едно лице.
- Синоќа во 20 часот и 47 минути во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Козле во истоимената населба во Скопје се случи тешка несреќа меѓу две возила и скутер. Сообраќајната несреќа била помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, појаснија од полицијата.
Според добиените информации, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од брзата помош.
- Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во информацијата на МВР.
Улицата синоќа беше блокирана за сообраќај, а полицијата до доцна вечерта вршеше увид на местото на несреќата.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк