-->
-->
Заев во понеделник на прием и во НАТО кај Столтенберг
-->
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во понеделник 12 јуни освен во Европската комисија, ќе има прием и во седиштето на Северно-атлантската алијанса (НАТО).
Покрај Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, новиот македонски премиер во понеделник ќе се сретне во НАТО и со генералнито секретар Јенс Столтенберг.
Според најавите од Алијансата, Заев на средбата со секретарот на најголемата воено-политичка организација на светот се очекува да биде придружуван и од новата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, како и од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
На овој состанок, премиерот Заев ќе може да го постави барањето до НАТО што неодамна го пласираше како идеја во јавноста, а тоа е да се овозможи прием на Република Македонија во Алијансата под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, со оглед на тоа што земјата од 2008 година ги има исполнето условите за членство во НАТО, но поради блокадата на Грција заради уставното име на Македонија, истото не може да се оствари.
Средбата Заев - Столтенберг се очекува некаде околу пладне во седиштето на Алијансата, а по нејзиното завршување е предвидена прес-конференција на македонскиот премиер и првиот човек на НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o