Заев: Овој празник исполнува со оптимизам дека доброто никогаш не згаснува
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и до сите православни верници во Република Македонија.
Во честитката на премиерот Заев до православните верници се истакнува дека на овој празник потсетува на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан, и дека сè може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.
„Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, и дека надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува.
Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки за празникот Богојавление – Водици на Претседателот на Владата на Република Македонија, до православните верници.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград