Заев: Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да шират лаги и притисоци врз граѓаните
Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да рашират лаги, стравови и притисоци врз граѓаните на Република Македонија, а в недела ќе се спроведат историски избори на кои граѓаните ќе бираат меѓу живот и режим, порача денеска од Струмица Зоран Заев, претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.
Тој им посочи на граѓаните да знаат дека гласањето е тајно, уставно загарантирано право.
- Никој не знае за кого ќе гласате. Нема камери позади параванот. Тоа е факт. Таму сте сами, вие и вашата одговорност и совест. Ако сте корисник на социјална помош и ако гласате за промени, доаѓа подобар живот за сите вас. Ќе си ја задржите социјалната помош и таа ќе расте. Ако сте пензионер и ако гласате за промени, вашата пензија ќе расте редовно, онака како што ќе растат платите на сите други граѓани, рече Заев.
Потонцира дека ќе растат и субвенциите за земјоделците, а на административците им рече дека нема да ги изгубат работните места, без разлика на кого ќе го дадат нивниот глас.
- Конечно, нема федерализација. Тоа е уште една лага на Груевски. Но, ќе има конфискација на криминално стакнатите имот и пари, ќе има враќање на парите кај вас, граѓаните, рече Заев.
Побара масовно и сплотено гласање на изборите в недела, како што рече, со една цел - за живот во Македонија.
Ново на Сител
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство
-
23-годишен битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, го снимал и пренесувал на Youtube
-
Ахмети ќе се обрати од Мала Речица
-
Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци