Заев: Ќе се интензивира економската соработка со Турција
Соработката меѓу Македонија и Турција ќе се интензивира, ќе се работи на зголемување на трговската размена меѓу двете земји, но и на нови инвестиции кои се важни за економскиот раст, порача денеска премиерот Зоран Зааев на средбата со делегацијата од Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО).
Заев ги повика домашните компании, членки на МАТТО, да влезат, како што рече, во нови инвестиции за кои ќе добијат силна помош и поддршка од државата.
- Успехот на работењето на новата Влада го гледаме преку успехот што ќе го постигнуваат приватните компании и бизнисот. Наша цврста определба е да работиме како ваш сервис, да ги решаваме проблемите, но и да ги отвораме перспективите за нови инвестиции и развој на вашите бизниси. Веруваме дека ако бизнисот оди напред, ќе се отвораат шансите за квалитетен животен стандард на сите граѓани. Владата работи на градење стабилна и предвидлива бизнис клима за да можете вие и вашите компании слободно да планирате, да градите стратегии но и храбро да влегувате во нови инвестиции, истакна премиерот.
Според него, постои голем интерес за поволностите и поддршката што ги обезбедува Владата во планот за економски раст, еднакво и за домашните и за странските инвеститори.
Претставниците на МАТТО, предводени од претседателот на Комората Ајдован Адемоски, изразија поддршка на економските владини политики и очекувања за плодна соработка во иднина.
На средбата присуствуваа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и советниците на Заев за економија, здравство, енергетика и земјоделство.
Ново на Сител
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат