Задолжително прочитајте! - Навиката на грицкање нокти го убила овој човек!
40-годишниот Џон Гарденер не можел да престане да ги грицка ноктите, дури и по забраната на лекарите. Оваа навика довела до инфекција која била многу тешка и довела до срцев удар.
Грицкањето е многу опасно. Докторите велат дека ги гирцкал ноктите и прстите додека не прокрварат. Поради таа навика, неговите прсти биле упропастени и станале нечувствителни на болка.
Неговиот доктор рекол: „Ноктите на Џон беа секогаш во лоша состојба, често крвареа кога доаѓаше.“ Тој уште објаснил дека неговата навика настанала поради анксиозност и станувала се полоша кога паднал во депресија.
Почетното крварење завршило со влошување, а една од тие рани добила инфекција. Ниту антибиотиците не можеле да му помогнат, па врвовите од прстите му биле ампутирани. Се чувствувал добро некое време, но тоа не потрајало. Според хирургот, само неколку дена после четириесетиот роденден, Џон имал срцев удар поради септичката инфекција.
Ова навистина не било очекувано. За докторите и неговото семејство ова била неочекувана трагедија.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски