Забрана за возила на Водно, за граѓаните бесплатен автобуски превоз
Од викендов се воведува забрана за движење моторни возила на патот до Средно Водно. Забраната ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
- Забраната ќе важи за време на викенди, сабота и недела, и за време на државните празници. Нема да се однесува на автобусите на ЈСП Скопје, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Со цел да им се излезе во пресрет во граѓаните кои се рекреираат на Водно, градските власти од утре воведуваат бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) и бесплатни пробни линии 25 А (Авто Македонија – Средно Водно) и 25Б (Цветен Пазар – Средно Водно) за време на викенд (сабота и недела) и државен празник.
Се предвидува и бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга“ и паркингот „Дом на печат“ за граѓаните кои имаат намера да ја посетат парк-шумата Водно, движејќи се пеш или користејќи го бесплатниот превоз на автобуска линија бр.25 и пробните линии бр.25А и 25Б.
Ова е предвидено во Одлуката за утврдување краткорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопје што ја донесе Советот на Град Скопје на својата втора седница, што се одржа на 20 овој месец.
Со одлуката се предвудува во услови на надминување на праговите на алармирање на загадувачките супстанции во амбиентниот воздух на подрачјето на Скопје, превозот на сите линии во јавниот градски и приградски превоз да се врши бесплатно. Градоначалникот Петре Шилегов со решение ќе го утврдува времетраењето, односно почетокот и завршувањето на бесплатниот превоз.
Средствата за спроведување на оваа мерка на ЈСП „Скопје“ и ЈП „Градски паркинг“ ќе им бидат надоместени од буџетот на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот