Вујо: Српскиот ракомет е во безизлез
егендарниот Веселин Вујовиќ, селектор на ракометната репрезентација на Словенија, рекол дека српскиот ракомет е заглавен в кал и дека трениерањето на националниот тим преставува повеќе казна отколку чест.
Селекцијата на Србија на неодамна завршеното Европско првенство оствари само една победа над Исланд и пет порази.
„Доаѓате во нешто што е толку изгнасено, а вие таа кал не можете да ја измиете. Паметен ќе почека калта да се исуши, а потоа ќе ја иструга. Никој повеќе не е свесен каков е критериумот некој да биде селектор. Да се биде селектор во овој момент повеќе преставува казна отколку чест. Ние немаме цел, немаме стратегија, немаме доверба. Ние во ракометот немаме никого за кого можеме да се врземе и да кажеме дека таа личност ќе не повлече, дека таа линост ќе ги подобри работите. Дојдовме во ситуација од која јас лично не гледам излез. Мислам дека 10 години работа на нашиот ракомет е малку за да можеме да направиме нешто“, рекол Вујовиќ во интервју за Радио Белград.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата