Вучиќ: Компромисот со Албанците е од животен интерес за Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди веста за продолжување на техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина на 26 февруари во Брисел, и воедно најави дека и тој лично ќе се состане со Хашим Тачи во Брисел кон крајот на овој или на почетокот од идниот месец.
Тој, објаснувајќи ја српската позиција во преговорите како многу тешка, на новинарите им изјави дека е потребен компромис-а не препуштање, рече Вучиќ по разговорот со студентите од Приштинскиот универзитет со седиште во Косовска Митровица.
- Ние мораме да се обидеме да постигнеме компромис со Албанците, а оние кои се противат, не разбираат дека со тоа губиме сите ние, Србија и Србите, бидејќи тешко дека ќе не има повеќе на Косово, изјави Вучиќ .
Тој додаде дека државниот врв и тој лично трпат притисоци, бидејќи тоа им е работа, да ја водат државата, но и дека мора сите да сфатат дека компромисот е од витално значење за Србија и за српскиот народ.
- Србија на политичката арена тешко ја издржува борбата со големите сили. Ние не се бориме против Приштина и нивните политички претсавници. Но, против нас се бори Приштина, заедно со Вашингтон и Лондон насекаде во светот и на секое место, изјави српскиот претседател, мислејќи на притисоците кои се вршат врз земјите да не го повлекуваат признавањето на косовската независност и на оние кои се уште тоа не го напаравиле.
- Наше е да не се обидуваме да ги добиеме битките кои не можеме да ги добиеме, но ќе се бориме се уште-секако со политички средства, изјави Вучиќ, укажувајќи на случаевите на повлекување на признавањето на Косово, што говори дека овој процес не е едностран.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати