-->
-->
ВТА: Второ место за Кербер
-->
Сензационалната победничка на Австралија Опен во женска конкуренција, Анжелик Кербер, од понеделникот е втора на ВТА листата, веднаш зад Серена Вилијамс, против која славеше во финалето.
Германката во Мелбурн стигна до најголемата титула во кариерата, што и го донесе и најдобриот пласман на ВТА листата во нејзината кариера.
Кербер има 5.700 бодови, а прва е Вилијамс со речиси 4.500 бодови повеќе. Зад Кербер се Симона Халеп (5.545), Агњешка Радванска (5.210) и Габриње Мугуруса (4.991).
Топ 10 листата во женскиот тенис ја комплетираат Марија Шарапова, Флавија Пенета (која ја заврши кариерата), Карла Суарез Наваро, Петра Квитова и Луси Шафаржова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден избори за Европарламент
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за реорганизација на Владата на собраниска седница - Од кого ќе добие поддршка?
-
АХВ: Македонија јаде безбедна храна
-
Екологисти од Струмица ќе ја подигнуваат јавната свест за уништување на шумите
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ