Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со слаб дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, а повремено засилен ќе биде особено во западните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од седум до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаб дожд и со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
За време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време. Во недела и во понеделник ќе дува и повремено засилен јужен ветер. Од понеделник попладне се очекува нов влажен бран. Температурите до понеделник ќе бидат во постојан пораст, па така во понеделник на југоистокот на земјата ќе има температури и до 20 степени.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден