Вработени на токсикологија реагираат за однесувањето на директорката
Вработени на ЈЗУ Клиника за токсикологија, утринава преку допис до медиумите посочуваат на низа нерегуларности во функционирањето на организациската директорка Бесија Иљази.
Ја обвинуваат за зголемување на долгот на клиниката, а додаваат и информации околу нејзиното работно време.
„Сакаме да ве известиме дека со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30'' - пишува во дописот испратен од вработените во клиниката.
Во реакцијата се истакнати и различни случаи во кои директорката наводно одбила да потпише потребни документи.
„Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.
Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати“, се вели во дописот.
Не успеавме да добиеме став од организациската директорка на Токсикологија во врска со случајот.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк