Свет
26. October 2015 - 13:34

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Уште едно брутално погубување на затвореник

Злосторниците од Исламската држава објавија уште едно шокантно видео кое прикажува нови брутални погубувања на нивните затвореници.

Прикажен е млад Сириец во сега веќе традиционалното портокалова облека, кој под присила признава дека со тенк поминал преку мртвите тела неколку милитанти на ИСИЛ.

Убиеното момче имало 19 години, а рекол дека се вика Фади Амар Зидан, додека зад него стоел маж во бела облека кој говори дека ќе го казни така што ќе го прегази со тенк.

Потоа е прикажано како со врзани раце и нозе стои на патот додека кон него оди тенк кој се обидел да го избегне, но безуспешно. По убиството се гледа и неговото безживотно тело.

Се верува дека снимката е направена уште во 2014 година, некаде во сириската провинција Хомс.