Македонија
21. August 2015 - 20:57

Вонредни возови од Гевгелија до Табановце

Жителите на табановце конечно здивнаа, бегалскиот наплив на границата е значително намален. Бегалците повеќе не минуваат низ нивите и околу  куќите на локалното население. Антикризните мерка даваат резултати. По два дена празни шини и кампови на северот од Македонија пристигна првиот  вондреден воз со околу 200 мигранти. Тоа се бегалците кои пред прогласување на кризна состојба влегле во државата. Додека чекале во Гевгелија поднесувале барање за престој.

Во групата мигранти претежно беа мажи многу помалку жени и деца. Уморни и револтирани се симнаа од воз каде на станицата беа дочекани со ладна вода, храна и медицинска помош од Црвениот крст и други  невладини хуманитарни  организации. Прашуваа дали конечно стигнале до Српската граница бидејќи со нетрпение чекаат да го продолжат патот кон западна Европа. Не планираат ниту да преноќат бидејќи се надеваат дека останало уште многу малку до крајната цел односно Германија, Финска, Норвешка.

Во текот на денот пристигнаа и неколку групи од по десетина мигранти кои успеале да дојдат со такси превоз до северниот граничен појас. До крајот на денот се очекува да пристигне уште еден вондреден воз од Гевгелија. Од кризниот штаб информираа дека и војската и полицијата се на готовс. Зголемен е бројот на безбедносните сили кои треба да интервенираат доколку се јави неконтролиран наплив и на Табановце.