Фудбал
24. July 2017 - 9:42

Во вторник ждрепка за новата сезона 2017/2018 во мак-фудбалот

 
 
Откако Комисијата за Лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) даде „зелено светло“ закажана е ждрепката за новата сезона 2017/2018 во Првата како и двете втори лиги фудбалскиот шампионат на Македонија. 
 
Ждрепката ќе се одржи во вторник (25 јули) со почеток во 12:30 часот, по што ќе се знае распоредот претстојната сезона, ќе се знаат и двојките за првото коло во Купот на Македонија, кое треба да се одигра на 16 август.
 
Инаку стартот на сезоната во Првата лига е закажан за 13 август, а двете втори лиги, Западната и Источната, ќе стартуваат на 26 август.