Во Велес претставен портретот на младата поетеса Елена Пренџова
Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше претставен портретот на 30 - годишната македонска поетеса Елена Пренџова.
Пред присутните за творештвото на Пренџова говореше писателот Ефтим Клетников, кој оцени дека таа е една од водечките поетеси на нејзината генерација. Пренџова има напишано шест книги поезија и една со постмодерна поезија, која се занимава со онаа хипертрофирана, хиперцивилизациска реалност, свој идентитет и свој ракопис.Таа е поетеса која има освоено бројни награди
- За разлика од претходните четири генерации поети, таа е поетеса на антиреалноста. Таа пишува антиутопистичка поезија, поезија на иронијата. Елена е токму најизразита во таквиот вид на поезија и јас и посакувам се најдобро, потенцира Клетников.
Нејзиниот колега поетот Перо Сарџоски од Тетово пред присутните појасни дека иако познавајќи ја Елена уште од девојче, со сигурност би кажал дека душата и срцето и се во поезијата, уште повеќе-во живата реч.
- А и покрај тоа што е мајстор во изразувањето, умешно артикулирајќи цели сетови на слики и искуства, со силен емотивен набој изразен преку ѓердан од стилски фигури, а доживеани преку душата на една зрела жена, која зад себе гради поетски опус со епски размери, таа исто така е голем вљубеник во слободата и нејзината нескротлива и дива, но суптилна природа громогласно одекнува како „гласот на оној кој вика во пустината“, рече Сарџовски.
Воедно Сарџоски за Елена Пренџова рече дека нејзиниот глас покрена цела една генерација на млади поети кои за прв пат настапија на серија настани низ цела Македонија.
Претставувањето на младата поетеса Елена Пренџова беше дел од манифестацијата Велес - Град на културата 2015.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ
-
Пендаровски: Бев оптимист по првиот круг, со бојкотот се оштетуваат моите потенцијални гласачи
-
Муцунски: ДУИ загуби дупло, бојкотот не им успеа и одат во опозиција
-
Реакции на странски медиуми за парламентарните и за претседателските избори во нашава држава
-
Затворени гласачките места
-
Даштевски за Сител: Излезеноста до 18:30 за претседателските избори е 46,34%
-
Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа