Во Велес по петти пат „Баскерфест“
Познатиот уличен фестивал „Баскерфест" вечер и утревечер по петти пат ќе се одржи на отворена сцена во Младинскиот парк во Велес.
Како што појаснуваат од општина Велес кои се соорганизатори на фестивалот, „Баскерфест“ е со уникатен концепт и нова, поинаква понуда.
Информираат дека „Баскерфест“ ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.
Од организацијата на „Баскерфест“ појаснуваат дека целта на фестивалот е на сите посетители да им приреди несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат.
Како и во изминатите години, на фестивалот присуството е бесплатно за сите посетители.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји. Благодарение на „Баскерфест", на оваа листа се вклучува и Македонија со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот, појаснуваат од „Баскерфест“.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево