Во Валандово референдум за рудникот Казандол
Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на општината.
За референдумот да биде успешен треба да излезат најмалку 5.200 жители со право на глас.
На 3 јули годинава Советот на општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно донесе Одлука за негово распишување.
Во информацијата до медиумите во тек на активностите за добивање поддршка за распишување на референдумот од инцијативата „Спас за Валандово“ наведоа дека отворањето рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово.
- Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите кои доаѓаат, велат од граѓанската иницијатива.
Согласно одлуката на советниците, за одржување на референдумот се обезбедени милион и 200 илјади денари од буџетот на Валандово.
Претходно, на референдум против изградба на нови рудници се изјаснија и жителите на Богданци, Дојран и на Гевгелија.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ