-->
-->
Во Турција издадени налози за апсење на 170 лица
-->
Турските власти издадоа налози за апсење на 170 лица обвинети за поврзаност со мрежата која е одговорна за неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.
Локалните медиуми јавија дека денеска се уапсени 22 лица. Налозите за апсење се издадени за лица во Истанбул и 37 провинции, а меѓу нив има и пензионери, активни и суспендирани војници.
Се верува дека осомничените преку телефон разговарале со имами.
По неуспешниот воен удар, Турција прогласи вонредна состојба која се уште е во сила, а до сега се уапсени повеќе од 50.000 луѓе осомничени за учество во пучот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада
-
Скопје: Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка
-
Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95
-
Битиќи: Нема да се кандидирам за претседател на СДСМ за да спречам понатамошна фрагментација на членството
-
Изборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат задутре, најмногу пријавени за тестот по Англиски јазик