Во Прилеп протест против Законот за употреба на јазиците
Група Прилепчани кои се организирале преку социјалните мрежи денеска напладне блокираа дел од булеварот „Гоце Делчев“ и протестираа против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Тие, како што велат, му даваат поддршка на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за законот, затоа што бил штетен за македонскиот јазик и инсистираат со попис да се утврди вистинскиот процент на малцинствата што живеат во земјава.
- Иако еве малку се собравме денеска, а протестираме овие три дена, сепак ја испраќаме пораката дека нема да дозволиме нешто да се усвои надвор од Уставот и некој да не враќа во некои „филмови“, вели Гоце Македонски кој денеска протестираше.
- Пораката е дека му даваме целосна поддршка на претседателот Иванов да не го потпишува указот за Законот за употреба на јазиците. Овде во Прилеп се зборува на македонски и ова е Македонија и само еден службен јазик може да има во оваа држава, вели Димко Пирганоски, еден од демонстрантите.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани