Во полошко, казни за 15 превозници поради технички неисправни возила
СВР Тетово, во рамки на превентивно-контролни активности, вчера спроведе акциски контроли за проверка на техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
Со вчерашната акциска контрола реализирана во Тетово од 9 до 14 часот, вкупно биле опфатени 30 автобуси, од кои 16 се испратени на технички преглед.
- Од нив, четири имале неисправни сопирачки, еден не се јавил на преглед. Првите ги очекува глоба од 400, а вториот од 300 евра во денарска противвредност. На петте возачи-прекршители им се изготвени соодветни платни налози и едно барање за поведување прекршочна постапка против правно и одговорно лице. Во акцијата откриени се и 14 други видови прекршоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Во слична акција, спроведена вчера на гостиварското подрачје, контролирани биле 31 возило, претежно автобуси и комбиња. Според Јосифоски, осумнаесет од нив испратени се на технички преглед, при што кај шест е утврдена неисправност на сопирачките, 2 возила не отишле на технички преглед, а едно било технички неисправно.
На деветте прекршители изготвени им се платни налози и 1 барање за поведување прекршочна постапка.Покрај ова, откриени се и 3 други прекшоци (управување без возачка дозвола и истечена регистрација). Глобата за правните лица изнесува 2.000 евра во денарска противвредност.
- СВР Тетово, годинава става посебен акцент во планираните превентивно-контролни активности на возилата кои вршат јавен превоз на патници, со цел навреме да се откријат, санкционираат и отстранат технички и други недостатоци, а во функција на поголема безбедност на патниците и другите учесници во сообраќајот, подвлечува портпаролот Јосифоски.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%