Македонија
3. April 2017 - 17:58

Во полн ек градежната сезона во Кавадарци

Во полн ек е градежната сезона во Кавадарци, информира денеска градоначалникот Акександар Панов на прес-конференција.

Асфалтирани се, рече, неколку улици во градот, се поплочува со бекатон плочки и во горните села, а се работи и на тротоари во градот. 

​-  Со владина помош комплетно го реконструиравме патниот правец од Кавадарци до Мушов гроб, додека со помош на бизнис секторот целосно е искрпен и потегот од Мушов гроб до селото Мрежичко. Остана уште мал дел од селото Мрежичко преку Свети Петре до селото Рожден, кој во наредниот период ќе биде комплетно реконструиран од страна на „Македонија пат", истакна панов.

Се осврна и на проектите кои завршија: реконструкцијата на парниот правец  од Ладно долче до Страгово и поголемиот дел до Крњево. Соопшти дека останаа уште 400 метри, за кои изрази надеж дека ќе се завршат во текот на оваа година. ​Потсети и дека е реконструиран и проширен патот од селото Крњево до селото Бохула.

- Минатиот период го проширивме и реконструиравме патниот правец од Кавадарци до селото Ресава, а со дополнително обезбедување на финансиски средства од страна на Владата, реконструкцијата продолжи и до селото Бегниште.  Истото тоа го направивме, со владина помош и со локални средства, на пристапните  патишта до селата Фариш и Гарниково, додаде градоначалникот. 

Според него, се интеревенираше и на влезовите во Кавадарци. Најевидентно е на улицата „Шишка" или патниот правец од Марена преку Глишиќ па до Кавадарци, влезот од Дрекслмаер до Кавадарци и патот од  депонијата до влезот во Кавадарци. 

- Ваквата комунална изградба е една од најголемите инвестиции во градот во последните 25 години, подвлече Панов.