-->
-->
Во кумановско бесплатна бања побарале 712 пензионери
-->
- Вкупно 712 барања за користење на услугата бањско-климатска рекреација поднеле пензионерите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска од кумановската подружница на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Според минатогодишните практики, кумановските пензионери се рекреираат во Катлановска бања. Услугата „Бањско климатска рекреација“ може да се користи еднаш, во период од март до ноември годинава во траење од седум дена. Рангирањето се врши според висина на пензија, односно оние пензионери кои имаат пониска пензија имаат повеќе бодови за остварување на оваа услуга.
Во рамки на овој проект државата на пензионерите им обезбедува шест полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и платени трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ