Во Крушево обука на младите за проектот „Крушево - град пријател на младите“
Во Крушево, во хотелот „Монтана палас“, во организација на Младинскиот сојуз од Крушево викендот се одржа обука на мадите од Крушево, Струмица и општина Центар од Скопје во рамките на проектот „Крушево, град – пријател на младите“.
Според Методија Стојчески, претседател на Младинскиот Сојуз на Крушево, имајќи ја предвид улогата на младите во развојот на едно современо општество, проектот е насочен кон развивање на градови пријатели на младите.
-Развивањето на способности кај младите луѓе, претставници на граѓански организации и локални младински совети од Крушево, Струмица и Општина Центар – Скопје, е во насока за ефективно да ги евалуираат локалните младинските политики и услуги во нивните заедници, да промовираат охрабрување, учество, активен ангажман и поддршка во процесот на креирање на младински пријателски градови. Крајната цел на проектот е да се предложат сет мерки до носителите на одлуките во трите општини и да се развијат иницијативи за лобирање кои би биле директно насочени кон развој на младински пријателски градови, вели Стојчески.
Според младите од Крушево, учесници на проектот, младите досега не се вклучени во општинските активности.
- Досега не се вклучував доволно во активности од овој тип и се чувствував многу незадовлна самата од себе си. Во текот на обуката дознав колку мојот град е пријателски настроен кон младите. Имавме прилика да поразговараме со жителите на нашиот град, постари и помлади и бевме пријатно изненадени дека поголемиот дел од нив сакаат и се подготвени да преземат некои активности за Крушево да биде “Град – пријател на младите”. Исто така, имавме прилика да поразговараме со градоначалникот и претседателот на Советот на општина Крушево. Разговорот со нив звучеше ветувачки, тие одговорија на неколку наши прашања и од нивните одговори заклучивме дека се подготвени да го поддржат проектот, вели Михаела Новеска од Крушево, учесник на обуката.
Според Дона Кузмановска учесник во обуката, улогата на проектот „Град – пријател на младите“ е да се активираат младите во градовите и да станат блиски пријатели со градот.
- Да се воведат нови активности кои ќе ги инспирираат младите да креираат самостојно иницијативи, предизвикувајќи позитивно влијание и поттик на другите млади за вклучување во активизмот. Ќе го подобрат младинскиот живот, а пред се, младинските политики и ќе им помогнат на институциите во процесите насочени кон подобрување на состојбата во општините, вели Кузманоска.
Проектот ќе се спроведува во седма фази во текот на осум месеци, каде младите најпрво ќе се обучат за да може ефективно да ги мапираат своите заедници во однос на нивната пријателска димензија кон младите луѓе, но и да предложат сет мерки и препораки, кои во понатамошните фази директно ќе бидат доставени до релеватните носители на одлуки во трите таргетирани општини.
Крајната цел на овој проект е да се развијат иницијативи за лобирање кои би биле директно насочени кон развој на младински пријателски градови.
Проектот почна во ноември, а ќе трае до јуни 2018 година со поддршка од УСАИД, проект за граѓанско учество.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден