Македонија
4. September 2016 - 16:46

Во кичевско пронајдена пештера со голем број черепи

Засега неутврден број на човечки черепи и коски се пронајдени завчера околу 12 часот во атарот на кичевското село Бачишта во пештера над Бачишка река - соопшти МВР. Увид на местото на настанот извршиле од Основното јавното обвинителство од Гостивар, увидна екипа на МВР, од СВР Охрид и увидна екипа од полициската станица во Кичево. За потребите на истрагата на увидот биле присутни и претставници од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, крим техника од Скопје, Охрид и Кичево и претставници од специјалната единица за потраги при МВР. Истрагата продолжува во наредните денови. По наредба на јавен обвинител пештерата ќе биде непрекинато обезбедена. За секое ново сознание што нема да ја попречи истрагата основното јавно обвинителство Гостивар ќе ја информира јавноста - се вели во нивното соопштение. 
За черепите пронајдени во пештерата се шпекулира дека се стари повеќе од педесет години.