Македонија
4. August 2015 - 17:47

Во касарната Илинден започна тестирањето на пријавените кандидати на огласот на МВР

Теренот во касараната Илинден е првата пречка за кандидатите за полицијаци. 2622 пријавени на конкурсот на МВР до крајот на неделата ќе се борат за влез во групата 660 кои ќе одат на едногодишна обука.

Иако помалку, девојките денеска изненадија, дел од нив и со многу подобри резултати од конкуренцијата мажи.

60 стомачни се задолжителни, оние кои не успеаа си заминаа дома. За останатите следуваа склекови и трчање на 3.200 метри.

Најдобрите идната недела ќе одат на психолошко тестирање, а по него и ќе треба да го поминат и писмениот дел од условите за прием.

Пред самиот крај задолжително е интервју и здраствена проверка. Од септември најдобрите ќе ја започнат обуката во Идризово.

Паралелено ќе се одвива и проверката на 1260 кандидати кои се пријавиле на конкурсот за 52 извршители со високо образование. Најголемиот дел од нив сакале работа во кабинетот на министерот и во СВР Скопје.

Најмал бил интересот за Тетово и Струмица.