Свет
20. October 2017 - 16:49

Во Италија годинава запленети 32 тона албанска марихуана

 

Италијанската полиција од почетокот на годинава заплени над 32 тона мархуана шверцувана од Албанија и уапси 47 лица под обвинение за шверц на дрога.

Полициската статистика покажува дека споредено со истиот период лани, запленети се 10 тони мархуана повеќе.

Последната успешна акција на италијанската полиција во спречувањето шверц на дрога бил денеска во утрнските часов, кога кај пристанишниот град Бари биле запленети 1,5 тони мархуана.

Уапсени се двајца албански државјани на возраст од 26 и 31 година, кои со моторен чамец ја транспортирале дрогата од Албанија.

Доколку стигнела на црниот пазар запленетата марихуана би достигнала вредност од 15 милиони евра.

Италијанската полиција вчера во провинцијата Фераре заплени два тона марихуана и 10 килограми хашаш и уапси 19-годишен Албанец од приморскиот град Валона, а по три лица се уште се трага.

Дрогата претходно со гумени чамци била прошверцувана од Албанија