Во Гевгелија наврнаа 42 литри дожд
Најмногу дожд, 42 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие се регистрирани во Гевгелија, 38 во Пожар, 36 во Струмица, 35 во Демир Капија, 24 во Битола, 20 Ѓуриште и Штип, 19 во Крушево,17 во Маврово и Виница, 16 Прилеп, 15 Берово, 14 во Пожаране и Тополчани, ..., соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во седум часот изутрина висината на снежната покривка во лазарополе изнесува 13 сантиметри, во Маврово 11, а во Крушево шест.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Максималната. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степена.
Во Скопје ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.Температурата ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе има извесно стабилизирање на времето, а за викендот повторно се очекуваат врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат обилни.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа