Внимателно: АјФонот може да ве сними додека се бањате и да го испрати видеото
Програмер од Гугл ја откри потенцијално опасната можност на ајФонот. Апликацијата која има дозвола за снимање ви можела без ваше знаење да ве снима, и да ги испраќа сликите и видеата понатаму.
Австрискиот програмер Феликс Краусе направи апликација која може сека секунда да го слика корисникот без негово знаење и да ги испраќа натаму тие слики.
Кога некоја апликација сака да пристапи до камерата, корисникот мора да и дозволи, а истата работа се случува и кога апликацијата сака да пристапи кон вашата галерија и локација.
Краусе откри дека апликацијата може да сними и видео и фотографии секогаш кога ќе се отвори. Додека на компјутерот имате зелено светло како знак дека снима, таквиот индикатор на телефонот нема.
Краусе вели дека ова не е пропуст, тука апликацијата е навистина така дизајнирана, но некој со лоши намери би можел тоа да го искористи.
Тој тоа го демонстрираше со апликација која секоја секунда го снима оној кој го користи телефонот, а притоа и правела препознавање на лицето за да ја препознае личноста која го користи уредот.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници