Македонија
1. March 2024 - 12:14

ВМРО-ДПМНЕ: Власта во заминување со уште едно катастрофално изненадување за граѓаните

Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната.

Владата на СДС и ДУИ од една страна додека се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните.

Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат.

Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.

Владата на СДС и Ковачевски во заминување преку ваквите катастрофални мерки сакаат да им се одмазди на граѓаните заради нивниот слаб рејтинг.

За нивниот слаб рејтинг не се виновни граѓаните, туку самите тие кои изминатите 7 години водат политика на криминали и лично богатење.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ