ВМРО-ДПМНЕ: Владата е глува и не ги слуша барањата на стружани
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми и посочува дека додека стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори, министрите само се среќаваат со разни амбасадори.
- СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, ја претвораат од бисер на Охридското Езеро во депонија. СДС и со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон Владата расте, бидејќи е се поочигледна негрижата на владата за граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ, се посочува, е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.
- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани. Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање на збор на пратеник, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори