ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати од буџетот за земјоделство
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека крати од буџетот за земјоделство наместо покачувањата и поволностите за земјоделците кои ги ветувала за време на изборите.
- Заев во текот на февруари оваа година ветуваше интервентен фонд од 6 милиони евра. Тој фонд го нема, а пари за тоа не се предвидени во ребалансот. Затоа има зголемување во ставката за плати за администрацијата со што го подготвуваат теренот за полнење и на Министерството за земјоделство со партиски послушници и потрчковци, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, како што рече, во текот на изборите ветуваше 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците, за сега наместо ветеното покачување да прави кратење од 100 милиони денари во ставката за рурален развој.
- СДС зборуваше како се потребни повеќе пари за капитални инвестиции и за подобрување на инфраструктурата во секоја смисла, за сега од позиција на власт да крати цели 128 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство наменети за капитални инвестиции, рече Мицевски.
Тој нагласи дека СДСМ крати од парите наменети за хидросистемот „Злетовица“, акумулација која, како што рече, треба долгорочно да го реши проблемот со наводнување и водоснабдување на над 100.000 жители во североисточниот дел на Македонија и ќе продуцира електрична енергија.
- СДС бесрамно крати и 4 милиони денари за проектот Јужна Вардарска долина, кој ќе овозможи зголемена продуктивност и одржлив развој на земјоделското производство во регионот на јужното Повардарие. СДС не им мисли добро на земјоделците и тоа од ден во ден е се поочигледно, потенцира Мицевски.
Ново на Сител
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници