Македонија
13. April 2023 - 9:04

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се прогласи за наследник на комунистите, а Апасиев е македонскиот Енвер Хоџа

СДС е партијата која се прогласи за наследник на комунистите, а нивниот неформален коалициски партнер Апасиев е новиот македонски Енвер Хоџа.

СДС до сега не се огради и не го осуди поклонувањето на Левица пред комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

Али Ахмети пееше песни за Хоџа, а Апасиев се поклонува на неговиот гроб.

Македонскиот Енвер Хоџа-Димитар Апасиев е фолирант и продолжена рака на интересите на СДС. Тој е спаринг партнер со улога да глуми опозиција на СДС и ДУИ.

Затоа нема ниту осуда, ниту оградување на СДС и ДУИ за Енвер Хоџа од Македонија во ликот на Апасиев.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ